Во Музејот на Македонија се уредуваат депоата во кои се чуваат артефактите што ги поседува оваа национална институција, а се уредува и постојаната поставка на Историскиот оддел на музејот каде што ќе бидат изложени 10.000 предмети.
Во однос на историскиот оддел, Канческа рече дека ќе се уредува и опреми по светски стандарди како што е направено со поставката за децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, која е во рамки на овој оддел.
Директорката на Музејот на Македонија Мирјана Нинчовска истакна дека оваа година се уредени 610 квадратни метри (ѕидна и подна површина) од депоата на Музејот, а демонтиран е и дел од нефункционалниот ентериер.
Министерката за култура ја и посети и централната конзерваторска лабораторија во Музејот и посочи дека е важна научно-истражувачката работа во установата која, како што рече, поседува исклучителен кадар – стручни лица кои следејќи ги новите технологии работат на конзервација на различни материјали.