УМС: СДСМ да го врати имотот

Имотот на СДСМ е имот на Министерството за образование. Партијата наследничка на сојузот на комунисти го присвоила и него и со направила сопствен партиски штаб, велат младите од ВМРО-ДМНЕ и бараат истиот веднаш да се врати во владение на државата, а Владата да го реновира и адаптира во нов студентски дом, каде што според проектниот план би се сместиле околу 250 студенти од внатрешноста на Македонија. Младите од ВМРО-ДПМНЕ бараат од СДСМ и СДММ, да и` исплатат на државата надомест за кирии за користењето на имотот, а средствата би се искористиле за реновирање на постоечките студенски домови и повисок студентски стандард. Младите преку проекција ги запознаа сите заинтересирани како би изгледал новиот студентски дом со капацитет од 250 легла, кој би се изградил на местото каде сега е лоциран партискиот штаб на СДСМ.