УМС го промовираше проектот за бесплатни обуки за компјутерски вештини и странски јазици

УМС на ВМРО-ДПМНЕ е подмладок кој има пракса да биде во директна комуникација со младите. Дел од проектите од кампањата за младите веќе се имплементираат и за таа цел УМС ги потсетува младите за тоа кои мерки можат да ги искористат.Со овој проект предвидено е секоја година, 2000 млади лица на возраст до 29 години да бидат вклучени во обуките и тоа 1000 лица за компјутерски и исто толку за јазични вештини, изучувајќи ги светските јазици кои се најпотребни во моментот на пазарот на труд, односно англиски, германски и француски, ширум државава.