УМС на ВМРО-ДПМНЕ на младите од општина Аеродром, им ја понуди на користење импровизираната читална во паркот на познатото Авионче.Целта е да се промовира проектот „Нови читални“ кој треба да започне во јануари 2017 година.Читалните ќе бидат опремени со најсовремени компјутери и компјутерски помагала и ќе бидат место каде што студентите ќе можат да го поминат своето време за учење, и тоа во пријатна атмосфера. Во читалните ќе има дела од проектот „1.000 книги“ кои што младите ќе можат да ги користат.Нелоски најави дека таква читална ќе добијат и младите од Аеродром со што ќе им се заштеди време, кое би го потрошиле за да се движат кон централното градско подрачје.