​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Улиците во Општина Бутел се раскопани како никогаш досега, граѓаните ги кршат своите возила, а градот и општината не преземаат ништо

Македонија 3 февруари 2019 11:31

Повеќе дупки по улиците на општина Бутел до сега немало никогаш, но денеска ќе го истакнеме најгорливиот проблем за граѓаните. Бутелска, главната улица во општина Бутел, четири месеци е раскопана, целата е со дупки и по неа не може да се вози. Бутелчани се револтирани, секој ден ги кршат своите возила, а и секојдневно се …

Повеќе дупки по улиците на општина Бутел до сега немало никогаш, но денеска ќе го истакнеме најгорливиот проблем за граѓаните.

Бутелска, главната улица во општина Бутел, четири месеци е раскопана, целата е со дупки и по неа не може да се вози. Бутелчани се револтирани, секој ден ги кршат своите возила, а и секојдневно се соочуваат и со метеж бидејќи на двонасочната улица, возилата се движат само по една коловозна лента , бидејќи возачите ја избегнуваат раскопаната по која има огромни кратери.

Жителите на населбите Бутел и Радишани постојано ни се жалат и велат дека секој ден мораат да вртат низ споредни улички за да излезат на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош бидејќи од дупките на главната улица претрпуваат огромни штети на семејниот буџет, за поправка на своите возила.

Град Скопје во октомври минатата година ја раскопа едната страна на улица Бутелска за поставување нова цевка за атмосферска канализација. Оттогаш улицата нема асфалт, а до пред неколку дена не беше поставен ни тампон слој.

Градоначалникот на Скопје, Шилегов се правда, моли за разбирање на граѓаните, но не кажува зошто повеќе од четири месеци не нашле решение да се оспособи улицата за сообраќај.

Според членот 22 од Законот за локалната самоуправа граѓаните имаат право на надомест доколку возилата им се оштетени заради раскопаните улици.

Како советничка група на ВМРО ДПМНЕ во општина Бутел бараме од општината лично да се заангажира и да побара од градот Скопје час поскоро да се реши овој горлив проблем на граѓаните, револтот од ден на ден се повеќе расте и трпението се намалува особено затоа што за оваа ситуација немаат слух ниту градот ниту општината.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Стаменковска Стојковски: Ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување

04.01.2020

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.