Три лица, од кои двајца се средношколци, а третиот турист од Украина. во лавината која се случи во скијачкиот центар Две Алпи, а во која потешко повредени се повеќе лица. Десетина ученици од основното училиште и гимназијата Сант Егзупери од Лион и нивниот професор беа затрупани од снегот. -Извесно е дека сите деца од екскурзијата се пронајдени, но потрагата продолжува за да се утврди дали евентуално има и други жртви, надвор од групата средношколци, изјавиле официјалните лица. Во потрагата вклучени се околу 100 спасувачи, 3 хеликоптери, како и полицијата со кучиња трагачи и горската служба на спасување. Иако се уште официјално не е потврдено, медиумите пишуваат дека децата се наоѓале на патека која била затворена за скијање поради висок степен на ризик. По големите снежни врнежи од почетокот на јануари, француските власти предупредија на опасностите од снежни лавини во Алпите.