​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Трипуновски обелодени инфо од свиркачи: Фамилијата Заеви води хајка против мене, фингирана е кривична пријава во фиока

Изјави 20 ноември 2019 14:28

СДСМ ги злоупотребува институциите за партиски цели. Во последните година дена, откако почнав да ги обелоденувам катастрофалните политики на СДСМ во земјоделието станав трн во око за фамилијата Заеви, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Првин ме избркаа од работа, а откако видоа дека не можат да ме запрат, почнаа да бараат начин …

СДСМ ги злоупотребува институциите за партиски цели. Во последните година дена, откако почнав да ги обелоденувам катастрофалните политики на СДСМ во земјоделието станав трн во око за фамилијата Заеви, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Првин ме избркаа од работа, а откако видоа дека не можат да ме запрат, почнаа да бараат начин трајно да ме замолчат. На неколку наврати ми беа испраќани провокатори кои сакаа да ме предизвикаат на физичка пресметка. Не подлегнав. Во последните месеци засилено работеа на изнаоѓање на начин како да ми измислат и натоварат дела, и да ми подигнат лажно обвинение, како наместо по комитети би ме влечкале по судови. Моментално веќе подолг период во фиока во МВР стои изготвена фингирана кривична пријава против мене, без основа и аргументи. Овие информации дојдоа до нас од страна на свиркачи, кои се загрижени во кој правец се движи државата. Институциите целосно се ставени во функции на фамилијата Заеви, истакна Трипуновски и додаде:

„Правна држава не постои се додека на власт е Заев и фамилијата. Заев го претвори животот на македонецот во пекол. Дури и затворот е поблага форма на измачување од пеколот кој Заев им го приредува на граѓаните секој ден. Попусти се сите обиди за заплашување. Сите уцени и закани. И сто кривични да ми поднесете и што и да се обидете да ми направите вие нема да ме замолчите. Јас останувам рамо до рамо со земјоделците. Ќе се борам за нивните права. Ќе се борам за напатениот македонски земјоделец“.

Упатувам порака, подвлече тој, до сите оние кои учествувале во изготвување и процесуирање на фингираната кривична пријава, како против мене така и против други политички неистомисленици на СДСМ дека времето на безредие поминува.

-Доаѓа 12 април. По 12 април доаѓа обнова. Обнова на правната држава пред се. Тогаш секој еден кој се огрешил пред законот, злоупотребувал институции и на сметка на политичката позиција шиканирал луѓе ќе мора да сноси одговорност.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Арсовски: Заев и Рашковски имаат за цел да изберат 60 судии и јавни обвинители, кои претходно ги одбрале

13.09.2019

Мицевски: СДСМ и Зоран Заев и понатаму ја штитат осомничената Катица Јанева и секое одлoжување на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот

13.09.2019

Јанушев: Зоран Заев сака амнестија на криминалот, а не одговорност и санкции

13.09.2019

Трипуновски: Квази мерката „Зелена нафта“ е фиктивна и нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци

31.07.2019

Најнови видеа

9:34

Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта?

Изјави 08.12.2019
3:50

Презентирани докази дека власта уништила инсулин вреден еден ипол милион евра со валиден рок на траење, се бара одговорност

Изјави 08.12.2019
5:12

Македонија руши рекорди по загаденост, Заев и СДСМ ништо не преземаат освен што ги лажат граѓаните и здруженијата за заштита на животната средина

Изјави 08.12.2019
2:47

Стојаноска: Дебарчани кажуваат дека наместо План за живот, ниту било планирано живот во Дебар, ниту има некакви планови за во иднина

Изјави 07.12.2019
4:23

„Спасовски води хајка против ВМРО-ДПМНЕ, преку злоупотреба на полицијата, а молчи за долгот на СДСМ“

Изјави 07.12.2019
2:06

Андоновска: Дали скандалот во кој се уништени половина тон инсулин со валиден рок на траење треба да обезбеди нов милионски тендер за власта?

Изјави 07.12.2019
7:16

Стоилковски: Извештајот на СДСМ покажува дека имаат долг од 2.5 милиони денари – оовој е наслов ја на Боки га прати

Изјави 06.12.2019
5:52

Највкусни крцкави компирчиња од рерна брзо и лесно

Магазин 06.12.2019
25:39

44 рецепти за вљубениците на храната кои сакаат различна храна

Македонија 06.12.2019
14:06

Одлични идеи за 5 минути

Магазин 06.12.2019
2:11

Иџе: АМС ми сврте грб, таа стана најголема пречка за постигнување на врвни спортски резултати

Спорт 05.12.2019
9:58

Интервју со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју 04.12.2019
© Copyright 2019 Македонија24.мк | Сите права се задржани.