​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Трипуновски: Мерката „зелена нафта“ ќе ја искористат само 55.000 земјоделци, а регистрирани се над 100.000- ова е само уште една лага на СДСМ

Изјави 16 јули 2019 13:33

Министерство за земјоделство по кој знае кој пат ги излажа земјоделците. Министерот Димковски најави дека до крајот на месецот земјоделците можат да подигнат картици за зелена нафта. Но, министерот заборави да каже дека со мерката само половина од земјоделците во Република Македонија можат да ја користат оваа мерка, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на …

Министерство за земјоделство по кој знае кој пат ги излажа земјоделците. Министерот Димковски најави дека до крајот на месецот земјоделците можат да подигнат картици за зелена нафта. Но, министерот заборави да каже дека со мерката само половина од земјоделците во Република Македонија можат да ја користат оваа мерка, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Односно ја прашуваме власта зошто предвидува само 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија регистрирани се над 100.000 македонски земјоделци. Дали со овој податок се отвора нов сомнеж како ќе се избира кој ќе земе картица и дали изборот ќе се врши во општинските организации на СДСМ. Исто така го прашуваме министерот зошто во оваа мерка не се опфатени и сточарите како категорија?, прашува Трипуновски и додава:

„Дополнителен проблем во врска со оваа мерка е неправична распределба  односно гледано по култури, на некои култури каде процентот на учество на нафтата е помал, а на други култури поголем во вкупните трошоци на производство односно цена на чинење им се дава иста субвенција.

Како пример:

За пченица потребни се 55 литри нафта/ха без жетва, или потребни средства за нафта по актулните цени 3.355 денари. Учество на нафта во цена на производство е 10% и со субвенцијата од 750 денари/ха. производната цена ќе се намали за минимални 3%.

-За пченка потребни се 110 литри/ха без берба, или 6.710 денари за нафта по актуелните цени, нафтата учествува во производната цена и изнесува 19% и  со субвенцијата од 750 денари која што се дава производната цена ќе се намали за незначителен 2%.

Слични и поразителни се процентите и кај луцерката, пиперот,јаболката каде намалувањето во производната цена ќе биде незначителен 1 %“.

Со овие пресметки, потенцира членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се докажува дека мерката е козметичка и популистичка, бидејќи се работи за минимално намалување на трошоците на производство кои се движат од 1 до 3% што преставува чиста симболична вредност и нема да има никаково влијание во конкурентноста на производството и нема да се покријат зголемените трошоци кои земјоделците ги имаат последниве две години.

-Ако навистина државата се грижеше за земјоделците како што вели, требаше да ја намали акцизата т.е. да ја врати на старо и со тоа би се постигнал вистински ефект кој би ги ставил во рамноправна основа сите граѓани на Република Македонија. А, со оваа мерка само уште еднаш се докажува дека СДСМ е лош менаџер и ќе доведе повеќе штетни отколку во корисни влијанија во земјоделскиот сектор.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.