​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Трипуновски до власта: Земјоделецот го донесовте на питачки стап, луѓето немаат леб да јадат, а вие се луксузирате

Изјави 18 јули 2019 16:23

Младите земјоделци апликанти за мерката млад земјоделец која платежната агенција ја објави  уште во октомври 2018 година се уште чекаат одговор, истакнува Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Веќе девет месеци чекаат известување дали се избрани или не за грант од 10.000 евра. Иако власта со објавување на огласот во дневниот печат се обврзала одлуката …

Младите земјоделци апликанти за мерката млад земјоделец која платежната агенција ја објави  уште во октомври 2018 година се уште чекаат одговор, истакнува Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Веќе девет месеци чекаат известување дали се избрани или не за грант од 10.000 евра. Иако власта со објавување на огласот во дневниот печат се обврзала одлуката за тоа кој е избран, а кој не, да ја донесе во рок од три месеци, сега и по цели девет месеци од објавувањето на повикот немаме никаков епилог. Стотина можеби и илјада млади земјоделци се во неизвесност и не знаат како да ги распоредат планираните средства за инвестиција. Власта издиша. Буквално се посрамоти. Се редеа Љупчо Николовски, Стефан Богоев и кој ли уште не, да не убедуваат колку успешно ќе го терале овој проект, сега откако ништо не мрднаа од мртва точка никаде ги нема, првиот додуша се сокри и избега на Бихачка, затоа што ништо од она што го ветуваше како министер не исполни. Ништо подобар не е ни неговиот наследник Димковски. Ги прашуваме министерот Димковски и директорот на платежната Бабовски има или не средства во програмата за оваа мерка? Доколку има зошто е во застој, доколку нема, зошто нема иако е ветено и распишан повикот? Дополнително треба да одговорат Николовски, Димковски и Бабовски дали чекаат да се доиспразнат македонските села, па да нема на кого да ги исплатат средствата или пак чекаат одлука на локалните ограноци на СДСМ,за тоа да кажат кого е подобен а кој не, рече тој.

Трипуновски порачува: „На земјоделците сте им преку глава“.

-Земјоделецот го донесовте на питачки стап, луѓето немаат леб да јадат, а вие се луксузирате во удобните климатизирани канцеларии. Време е за оставки. СДСМ носи само стагнација на македонскиот аграр затоа немојте да се мачете , и немојте да  ги мачете ни македонските земјоделците. Заминете си додека е време, порача тој.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Мицевски: СДСМ и Зоран Заев и понатаму ја штитат осомничената Катица Јанева и секое одлoжување на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот

13.09.2019

Јанушев: Зоран Заев сака амнестија на криминалот, а не одговорност и санкции

13.09.2019

Трипуновски: Квази мерката „Зелена нафта“ е фиктивна и нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци

31.07.2019

Изјава на Цветан Трипуновски 07 07 2019

07.07.2019

Најнови видеа

2:46

Филипче фатен во лага, владината Малмед тврди дека уништениот инсулин е без недостатоци, потребна е кривична одговорност

Изјави 10.12.2019
35:10

Мицкоски: Ќе поднесеме амандмани на Законот за јазици за тој да стане уставен, политиканството на Заев се удира од глава, ако се за правда, власта ќе ги поддржи

Изјави 09.12.2019
3:54

Андоновска: Валидниот инсулин кој МЗ го уништи е од најреномираната данска фирма, се отвора сомнеж за нов тендер за фирма подобна за власта

Изјави 09.12.2019
9:34

Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта?

Изјави 08.12.2019
3:50

Презентирани докази дека власта уништила инсулин вреден еден ипол милион евра со валиден рок на траење, се бара одговорност

Изјави 08.12.2019
5:12

Македонија руши рекорди по загаденост, Заев и СДСМ ништо не преземаат освен што ги лажат граѓаните и здруженијата за заштита на животната средина

Изјави 08.12.2019
2:47

Стојаноска: Дебарчани кажуваат дека наместо План за живот, ниту било планирано живот во Дебар, ниту има некакви планови за во иднина

Изјави 07.12.2019
4:23

„Спасовски води хајка против ВМРО-ДПМНЕ, преку злоупотреба на полицијата, а молчи за долгот на СДСМ“

Изјави 07.12.2019
2:06

Андоновска: Дали скандалот во кој се уништени половина тон инсулин со валиден рок на траење треба да обезбеди нов милионски тендер за власта?

Изјави 07.12.2019
7:16

Стоилковски: Извештајот на СДСМ покажува дека имаат долг од 2.5 милиони денари – оовој е наслов ја на Боки га прати

Изјави 06.12.2019
5:52

Највкусни крцкави компирчиња од рерна брзо и лесно

Магазин 06.12.2019
25:39

44 рецепти за вљубениците на храната кои сакаат различна храна

Македонија 06.12.2019
© Copyright 2019 Македонија24.мк | Сите права се задржани.