

Не запира дивеењето на насилникот Нефи Усеини. Најомилениот градежник на власта вчера нападнал човек, му се заканувал дека ќе го убие и го влечел по земја, реагира Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Усеини според сведоштвата на жртвата за медиумите, крадел вода од него, тој на диво се приклучил на водоводната мрежа на жртвата, а кога тој …
Не запира дивеењето на насилникот Нефи Усеини. Најомилениот градежник на власта вчера нападнал човек, му се заканувал дека ќе го убие и го влечел по земја, реагира Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Усеини според сведоштвата на жртвата за медиумите, крадел вода од него, тој на диво се приклучил на водоводната мрежа на жртвата, а кога тој повикал екипи од „Водовод“ бил нападнат од Усеини. Според зборовите на жртвата, Усеини му се заканувал со зборовите: – „Јас сум советникот Нефи, јас ќе те убијам. За насилниот настан постојат и фотографии кои ги објавија медиумите, а и сведоштва на присутните“. И по ваквото сведоштво и по пишувањето на медиумите, Нефи Усеини е се уште е на слобода. Јавното обвинителство, а и полицијата го штитат. Усеини е оставен да дивее низ Охрид и да ги плаши граѓаните. Ова не е првпат Усеини да нападне човек и да ја загрозува безбедноста на граѓаните. Ова е трет напад на Усеини во рок од четири месеци, претходно тој нападна и инспектор од општина Охрид, па и советник од Советот, истакна тој.
Томовски прашува: „До кога власта ќе го толерира Усеини? Дали е потребно Усеини да убие човек за власта да реагира“?
-Апелираме МВР и ЈО веднаш да постапат согласно закон и да отпочнат соодветна постапка против Усеини, а не само да го повикуваат на информативни разговори. Потребни се конкретни мерки и чекори за сузбивање на насилието и дивеењето на Усеини кој години наназад ги заплашува граѓаните и е оставен од Заев да прави што сака. За сето насилие, за криминалот и корупцијата на оваа власт на чело со Зоран Заев потребно е итно распуштање на Парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори, порачува тој.