Две машки и едно женско бебе се првите родени бебиња во оваа година на територијата на градот Скопје.Министерот за здравство Никола Тодоров и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски ја посетија Клиниката за Гинекологија каде вчера се родија првите 3 дечиња.Трите рожби во првата минута од новата 2016, велат тие, означуваат дека оваа година ќе биде бериќетна.Тодоров им честиташе и на здравствените работници кои што беа на своите работи места и даваа здравствени услуги за сите граѓани на Македонија.Мајките и бебињата се во одлична состојба. Близначињата ќе се викаат Христијан и Хана, а третороденото ќе се вика Наум.Третороденото машко бебе е тешко 3 килограми и 700 грама и долго 52 сантиметри. Кај близнаците: женското е тешко 2 килограми и 290 грама и долго 47 сантиметри, машко тотешко 2 килограми и 250 грама и долго 48 сантиметри.Тодоров, Трајановски и Хаџилега на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаа новата година и им посакаа многу здравје, среќа и бериќет.