​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Тоа што власта се радува за обично спроведување на закон покажува колку се криминогени, дивоградбата кај касарната Илинден исто така треба да се сруши

Изјави 3 септември 2020 14:18

Срамно е да се прави театар од почитување на закони. Да се радува општеството за случај каде се спроведува закон говори за степенот на криминализираност на државата и власта. Главното прашање е како никнала дивоградбата и како државата, власта му ги легализирале дивоградбите. Доколку власта сака да докаже дека рушењето кај Мавровка не е евтин …

Срамно е да се прави театар од почитување на закони. Да се радува општеството за случај каде се спроведува закон говори за степенот на криминализираност на државата и власта.

Главното прашање е како никнала дивоградбата и како државата, власта му ги легализирале дивоградбите.

Доколку власта сака да докаже дека рушењето кај Мавровка не е евтин крими театар платен со државен буџет, тогаш очекуваме ист третман и со другите познати дивоградби за кои се врзуваат звучни имиња од старо-новата власт.

Според информациите објектот зад мене е дивоградба која што со години функционира, а за фактот дека е бесправно изграден објект познато е дека знаат и Зоран Заев и Али Ахмети, а знаат и во Јавното Обвинителството!

Доколку СДСМ и ДУИ се согласиле на ваков начин, со евтин театар, справување со дивоградбите, централната власт  бесплатно да руши бесправни објекти,  тогаш очекуваме коалицијата СДСМ и ДУИ на ист начин да го истретираат и овој објект, за кој што стои висок функционер на ДУИ.

Исто така очекуваме ЈО конечно да поведе постапка и за инвеститорот на овој диво изграден објект.

Почитувани, 

Јавноста по овој крими-театар мора да добие одговор како и кога е откриен идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“? Кога ЈО дознало и зошто се чекало толку време? Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на послушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот и го дозволи рушењето на објектот?

Очекуваме во најскоро време коалицијата СДСМ и ДУИ на ист начин да постапи и со другите дивоградби, пред се, со објектот зад мене, а потоа и со околу 80-те дивоградби на Попова Шапка, за што локалната власт во Тетово не реагира.

Очекуваме ист третман да добијат и дивоградбите во Охрид заради што и меѓународно е загрозен статусот на градот, пред се, заради градбите кај обележјето на градот-стариот Чинар, но и објектите на крајбрежјето, објектите на Нефи, советникот во охридската локална власт.

Очекуваме на ист начин да бидат третирани и дивоградбите на Матка крај Скопје,  како и со сите други бесправни објекти во заштитените појаси во Македонија.

Доколку не го направи ова, крими-тендерашката власт на Зоран Заев и СДСМ само ќе потврди дека сето ова со случајот со дивоградбата кај Мавровка е евтин крими-театар кој што се плаќа со пари од државниот буџетот.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Стаменковска Стојковски: Ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување

04.01.2020

Најнови видеа

24:13

Интервју со Бране Петрушевски пратеник во собранието на Р.М

Интервју 28.12.2020
16:28

Интервју со Сергеј Попов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју 26.12.2020
19:46

Интервју со Ели Панова пратеничка во собранието на Р.М

Интервју 25.12.2020
43:28

Интервју со Марија Андоновска член на И.К на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју 24.12.2020
23:56

Интервју со Антонио Милошоски пратеник во собранието на Р.М

Интервју 22.12.2020
28:06

Интервју со Рашела Мизрахи пратеничка во собранието на Р.М

Интервју 19.12.2020
43:33

Интервју со Гордана Димитриеска Кочоска член на И.К на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју 18.12.2020
56:53

Интервју со Љупчо Пренџов пратеник во собранието на Р.М

Интервју 17.12.2020
16:37

Интервју со Жаклина Пешевска претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју 16.12.2020
8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.