Тим на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со претставници на СКМ

Во рамки на средбите кои високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ ги остваруваат со различни целни групи, се со цел да ја конципираат програмата за претстојните парламентарни избори, тим на партијата предводен од Кирил Миновски, остварија средба со претставници на Стопанската комора на Македонија.На седбата беа разменети идеи, кои ќе имаат свое место во новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ.Претседателот на комората, Бранко Азески, подвлече дека имало конструктивна средба и размена на мислења.Бизнисот сакаат да остане во фокусот на интересите, практика која била следена изминативе години, да продолжат капиталните инвестиции и нивното целосно искористување.