Татковинска прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ од 4 до 11 септември

Татковинска прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ ќе се одржи во Скопје од 4. до 11 септември, по повод канонизацијата на Мајка Тереза. Прогласувањето за светица на Мајка Тереза ќе биде на 4 септември во Ватикан од страна на папата Франциск.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски рече дека претставува голема чест и гордост што Мајка Тереза е родена во Скопје и е наша сограѓанка и што имаме можност да го чествуваме нејзиното дело и да ја шириме хуманоста и љубовта.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска потсети дека спомен Куќата на Мајка Тереза годинава е прогласена за куќа со најмногу посетители во Македонија.
А скопскиот Бискуп Киро Стојанов истакна дека на 4 септември Католичката црква организира во капелата на Мајка Тереза во спомен куќата света миса во знак на една благодарност, додека на 5 септември организира целодневно обожување.