Студентите со просек над 9,5 бесплатно ќе патуваат во Париз, Венеција и Барселона

Студентите кои дипломирале со просек од најмалку 9,5 на еден од првите три највисоко рангирани универзитети во Македонија, од Владата ќе добијат наградно патување во Париз, Венеција или Барселона, оваа мерка ја најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во декември минатата година. Ветувањето кое што беше дадено на крајот на минатата година, денеска се реализира. Имено Министерството за образование и наука, денеска објави Јавен повик за пријавување за патување за најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установи во Република Македонија.Според податоците на Министерството за образование и наука се работи за вкупно 201 студент и тоа 144 студенти од УКИМ, 32 од Универзитетот на југоисточна Европа и 25 од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.