Студентите од (ФИНКИ) и (ДИФ) се презадоволни што конечно ќе добијат одлични услови за следење на настава, едните лаборатории и компјутерски центри, а другите современи спортски сали и опрема.Мал број на студенти под закрила на Студентскиот пленум денес излезе да изрази револт од градбата на новите факултети, како и револт за исечените околу 40 дрвца. Студентите од ФИНКИ и ДИФ во кампусот на УКИМ денес засадија 150 садници со цел да докажат дека тие не излегоа на никаков контра-протест, туку покажаа дека се грижат за здравата околина, но сакаат и нови факултети.Голема поддршка за овие студенти дадоа нивните декани, кои први ги засадија дрвцата.Додека деканите на ФИНКИ и ДИФ садеа дрвца и даваа изјави, десетина претставници на Студентскиот пленум извикуваа недолични зборови, свиркаа и вршеа притисок врз своите колеги од овие факултети и тие да протестираат со нив.Со ова уште еднаш членовите на нелегитимниот пленум покажаа дека исечените дрвца не им се проблем затоа што не ја ни поздравија акцијата во која нивните колеги од двата факултети засадија три пати повеќе дрвца од она што беше исечено пред неколку дена. За студентите од ФИНКИ, најважно е што ќе добијат услови какви што им се потребни.Студентите, професорите и деканите од ФИНКИ и ДИФ денес излегоа со искрена намера и добар пристап, но беа дочекани од Пленумот кој секојдневно покажува какви цели има зад себе, а тоа сигурно не се подобри услови за своите колеги студенти кои не се од нивната групација.