СТУДЕНТИТЕ ЗАДОВОЛНИ: Ги поздравуваат мерките за млади кои ги промовираше Груевски

Стипендии, ослободувања од партиципации, стимулација за упис на факултети, нови перални во студентските домови, бесплатен автобуски и железнички превоз, вработување и наградни патувања за најдобрите студенти… Ова се само дел од сетот од 34 проекти за млади, кои во беа промовирани од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Со мерките се опфатени различни категории на млади лица.