​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Стојаноска: Пановска-Ставридис си поигрува со здравјето на пациентите

Изјави 13 јуни 2019 14:17

Зоран Заев и Венко Филипче донесоа живот за себе и за бизнис партнерите на владата, а опасност и нервози за пациентите на Хематологија и нивните семејства кои се плашат како ќе го дочекаат секој следен ден без соодветна терапија. Додека пациентите на Клиниката за хематологија чекаат лек од кој им зависи животот, директорката на Клиниката, …

Зоран Заев и Венко Филипче донесоа живот за себе и за бизнис партнерите на владата, а опасност и нервози за пациентите на Хематологија и нивните семејства кои се плашат како ќе го дочекаат секој следен ден без соодветна терапија.

Додека пациентите на Клиниката за хематологија чекаат лек од кој им зависи животот, директорката на Клиниката, Ирина Пановска-Ставридис не може да одлучи дали ги има или не лековите.

Пановска-Ставридис вели дека ниту еден пациент не е оставен без лек, но исто така вели и дека не е страшно ако не земеле лек неколку дена, зашто во понеделник веќе ќе ги имало?!

Од оваа ситуација  јасно се гледа дека миленичката на Заев и Филипче или си поигрува со животите на пациентите, или само се интересира за тендерите за кои се најде на дневен ред и на Антикорупциската комисија.

Замислете,

И нејзините колеги се чудат како ниту една надлежна институција, министерство за здравство, Фонд за здравствено осигурување, министерство за внатрешни работи, јавно обвинителство, не ги гледаат корупцијата и конфликтот на интереси.

Почитувани,

Сето ова е фактичка состојба. Оваа ситуација трае од првиот нејзин работен ден како директор на Хематологија.

Ниту министерот за здравство Филипче, ниту премиерот Заев веќе две години не сакаат да стават крај на личните и семејни врски во здравството. Филипче и Заев како да работат само на продлабочување на релацијата ќерка – носител на јавна функција и татко –  сопственик на веледрогеријата „Д-р Пановски“. Оваа веледрогерија е континуирано дел од тендерските постапки и снабдувач на клиниките, меѓу кои и Клиниката за хематологија со која директорува неговата ќерка Пановска-Ставридис.

Филипче треба веднаш да стави крај на оваа релација ќерка директор-татко снабдувач. Треба да стави крај на нејзиното директорување. А, поради низата скандали во здравството треба да замине и Филипче од функцијата министер.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.