

Индивидуалниот земјоделец Игор Стојановски од село Мралино со владината мерка за млад земјоделец 50-50 набавил 8 високо приносни крави од Германија. Тој е задоволен од субвенциите кои ги добил од државата, односно 50 % од трошоците за набавка на добитокот биле државни пари. Со набавката на високо приносен добиток Стојановски очекува поголем и поквалитетен принос …
Индивидуалниот земјоделец Игор Стојановски од село Мралино со владината мерка за млад земјоделец 50-50 набавил 8 високо приносни крави од Германија. Тој е задоволен од субвенциите кои ги добил од државата, односно 50 % од трошоците за набавка на добитокот биле државни пари. Со набавката на високо приносен добиток Стојановски очекува поголем и поквалитетен принос на млеко и месо, а со тоа и зголемување на приходот.
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски истакна дека субвенционирањето на младите земјоделци ќе продолжи и во иднина и со измените на законот за земјоделство и рурален развој се очекува од 2017 година владината поддршка да биде зголемена од 50 на 80 %, односно сточарите ќе добијат државна поддршка од 80 отсто за набавка за високо приносен добиток.
Во Македонија поголемиот дел од добитокот не е со висок генетски потенцијал и е потребно преориентирање кон обезбедување на високо приносен добиток кој има повеќекратен бенефит за земјоделците.
Со високо приносниот добиток ќе се обезбеди подобар квалитет на производот, млеко или месо,поголем период на лактација кај добитокот кој дава млеко и поголема месна маса кај добитокот кој е наменет за производство на месо, а со тоа ќе бидат поголеми и шанси за конкурентност на европскиот пазар. Високо приносниот добиток од високопризнаени раси ќе значи зголемени приходи на земјоделците.
Максималната вредност на прифатливите трошоци ќе изнесува до 6.500.000 денари по корисник.
Предвидениот износ на средства за реализација на оваа мерка на годишно ниво ќе изнесува 2 милиони евра.
Високо приносниот добиток од високопризнаени раси ќе значи зголемени приходи на земјоделците.