​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Стоилковски: Oбвинителството мора да даде прецизен одговор има ли недозволива финансиска поврзаност меѓу Боки 13 и Богоев

Изјави 5 август 2019 14:06

Октоподот не мирува, мирува само Русковска – обвинителството. Додека одмораат истовремено со Катица Јанева, октоподот и таканаречената невладина на владата за скандалот „Рекет“ каде членуваат половина СДСМ имаат можност слободно да уништуваат евентуални докази и да влијаат врз евентуални сведоци, ова денеска преку прес-конференција го истакнува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ. -Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Карпош е …

Октоподот не мирува, мирува само Русковска – обвинителството. Додека одмораат истовремено со Катица Јанева, октоподот и таканаречената невладина на владата за скандалот „Рекет“ каде членуваат половина СДСМ имаат можност слободно да уништуваат евентуални докази и да влијаат врз евентуални сведоци, ова денеска преку прес-конференција го истакнува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Карпош е еден од функционерите на СДСМ кои што заедно со Фросина Ременски и Костадин Костадинов, се вплеткани во НВО која што е центарот на вниманието на скандалот „Рекет“. Граѓаните се уште немаат одговор за Меморандумот од ноември 2017 година. Стефан Богоев, како градоначалник потпишал Меморандум за соработка со Бојан Јовановски, како претседател на Меѓународниот сојуз, Сојуз внимавајте во чиј што Управен одбор е таткото на Стефан, Владо Богоев. Јавноста мора да знае за улогата на Богоеви и дали има евентуална злоупотреба преку меморандумот за заедничка реализација на проекти и колкава е улогата на Богоеви за телевизискиот презентиран проект „Европскиот комплекс за возрасни лица и мобилен сервис“ во општина Карпош. Презентација направена преку телевизијата на Бојан Јовановски, Боки13!Неспорна е блискоста на Богоеви со Бојан Јовановски, но обвинителството и градоначалникот на Карпош мора да кажат за планот за измена на деталниот урбанистички план заради комплексот на Боки 13, наречен „Карпош на вода“? Обвинителството мора да каже дали има злоупотреби на службената положба на Богоев за уредување на дворот на објектот на ТВ на Боки13?, прашува Стоилковсли.

Тој додава дека обвинителството мора да даде прецизен одговор има ли недозволива финансиска поврзаност меѓу Боки 13 и Богоев при локалните избори 2017 година? Тоа е истата година кога се одржаа локалните избори и бил потпишан меморандумот меѓу Боки13 и Стефан Богоев, градоначалникот.

-Само за споредба, според извештаите објавени во медиумите, СДСМ за Стефан Богоев во Карпош нема потрошено ниту денар за закуп на билборди,  но за Богоев во Карпош биле закупени 78 билборди, со цени од 600 до 1.900 евра за еден ден. Доколку тие не постојат во ставката закуп на билборди во извештајот на партијата, значи дека се платени во готово, некаде околу 80 илјади евра. И тоа е само еден сегмент за финансирањето на кампањата. Па јавноста мора да знае дали Боки платил во замена за Меморандум и тоа што треба да следи по него? Оттука јавноста мора да ја знае вистината, дали има поврзаност меѓу недозволеното финансирање на кампањата и работата на Стефан Богоев на објектот на ТВ на Боки13 но и работа кон реализација, согласно меморандумот, на планот на Боки13 преку неговата рекет- организација за изградба на луксузен комплекс „Карпош на вода“?   Додека граѓаните тонат во сиромаштија, државата ја задолжуваат, а функционери обединети во државна мафија тераат рекет и самоволие, а обвинителството се одмора. Ете затоа на Македонија и е потребно право и правда, затоа на Македонија и е потребна обнова, и таа ќе се случи наскоро. Ве уверуваме дека сите кои што се огрешиле, ќе одговараат, а бројчаникот, навистина ќе врти!, потенцира Стоилковски.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Арсовски: Заев и Рашковски имаат за цел да изберат 60 судии и јавни обвинители, кои претходно ги одбрале

13.09.2019

Трипуновски: Квази мерката „Зелена нафта“ е фиктивна и нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци

31.07.2019

Изјава на Цветан Трипуновски 07 07 2019

07.07.2019

СДСМ турка проект за партизација на администрацијата на локално и на централно ниво

04.12.2018

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.