​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Стоилковски: ЈО и Јовески веднаш да постапат по кривичните пријави за изборниот инжинеринг од страна на власта на СДСМ

Изјави 10 мај 2019 16:15

Власта на овие избори е делегитимирана и тоа секому му е јасно, дури и на самата власта. Одговорност за изборниот инженеринг кој што се случуваше мора да има доколку Македонија сака да се одлепи од демократското дно, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. – ВМРО-ДПМНЕ во своите кривични пријави до ЈО детално ги образложува криминогените дејства со …

Власта на овие избори е делегитимирана и тоа секому му е јасно, дури и на самата власта. Одговорност за изборниот инженеринг кој што се случуваше мора да има доколку Македонија сака да се одлепи од демократското дно, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ во своите кривични пријави до ЈО детално ги образложува криминогените дејства со кои се нарушува слободата за слободен избор на граѓаните, за лично изразување на волјата на демократски избори. Јавното Обвинителство, кога станува збор за избори, ја има клучната улога во тоа дали државата воопшто ќе овозможи владеење на правото или ќе продолжи да тоне по сите демократски параметри. Воедно, изборите се дел од оние случувања кои имаат вонредно значење и ЈО мора согласно своите надлежности само да постапува и да покрене истраги и да ги обелодени сите прекршувања на законите.       Бидејќи РЈО Љубомир Јовески и по вториот круг на овие избори го нема никаде со свое делување,  ВМРО-ДПМНЕ поднесува 12 кривични пријави со поголем број на сторители кои го нарушија изборниот процес. Станува збор за кривични пријави во кои со  доказен материјал се укажува на недозволено агитирање, поткуп во изборни цели, заплашување, организирано гласање и ред други прекршувања на законите, кои што се повторуваат и во повеќе општини во државата и секако во општините од Град Скопје каде власта доби јасен црвен картон од граѓаните, порача тој.

Стоилковски апелира ЈО да почне да работи за тоа за што постои.

-Чувство за непостоење на право и правда е суштествено во Македонија и тоа е нагласено при последниот изборен циклус. Јавното обвинителство мора да одговори и за случаите за недозволено агитирање, поткуп, заплашување, организирано гласање, односно изборен криминал во вториот круг на претседателските избори, но мора да одговори и за аферата „Големото око“, односно незаконското прибирање докази преку мобилна апликација од страна на владејачката партија. Ова е втор изборен процес, вклучително и референдумското изјаснување, за кој Јавното обвинителство се уште нема никаков одговор ниту за поткуп, ниту за поттикнување поткуп, ниту за полнење кутии, наречено брзи прсти, гласање за неколку секунди за што дури имаше и поништени резултати од гласачки места од ДИК. Изостанувањето на реакција од ЈО доведува повторување на ваквите појави и во првиот и во вториот круг на претседателските избори. Со тоа РЈО има директна одговорност заради негово непостапување, односно злоупотреба на неговата должност и функција, со што поттикнува изборни нерегуларности и нивна неказнивост за изборен инжинеринг од страна на власта, порача тој.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.