​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Стоилковски: Ова е трета година, трет буџет на СДСМ, трет економски колапс по ред

Изјави 27 јули 2019 13:27

И тоа го дочекавме, Кочо Анѓушев да каже дека министерство за финансии лаже и шири лажни вести! Само за Кочо Анѓушев и за Зоран Заев до него, информациите од Финансии за катастрофалното ниво од 20% реализирани капитални проекти се – лажни вести, ете и тоа го слушнавме вчера, рече порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. -Далеку …

И тоа го дочекавме, Кочо Анѓушев да каже дека министерство за финансии лаже и шири лажни вести! Само за Кочо Анѓушев и за Зоран Заев до него, информациите од Финансии за катастрофалното ниво од 20% реализирани капитални проекти се – лажни вести, ете и тоа го слушнавме вчера, рече порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Далеку е работата од смешна! Заев, Анѓушев и сиот економски октопод во владата, од предвидените со буџетот 422 милиони евра – за добробит, за инфраструктура за граѓаните, потрошија само за половина година и употребија само 86 милиони евра! Тоа е само една петтина од парите за годинава! И тоа се официјалните податоци од министерството за финансии, министерството кое насилно е присвоено од Зоран Заев. И сега убедуваат дека до крајот на годината ќе потрошат дури 336 милиони евра. Може, но каде и за што? Оние што не се способни за 6 месеци да инвестираат ни 100 од над 400 милиони евра, сега за 6 месеци ќе потрошеле 336 милиони! Ете тоа треба да се случи за да се постигне оној просек за кој што збори Кочо Анѓушев! Но тие пари да не завршат на криминални иновации, наместени тендери, луксузни автомобили или кожни гарнитури за седење, или пак на платите на вработените роднини. Не постои ниту еден аргумент зошто во Македонија нема капитални инвестиции. Овој „500 евра просечна плата“ тим, овој „600 километри автопат“ состав, овој „Економска година“ систем, го повторува фијаското од лани кога за половина година беа реализирани неполни 17%. Годинава постигнаа втор најлош резултат последната деценија. Првиот квартал, заврши со едвај 6%. лани кон крајот на годината исто велеа еве само што не тргнала економијата, растот ќе се реализира, биле откочени клучните проекти, дека интензивно ќе се работи. И падна клучната реченица: Следната година, се мисли на оваа, ќе биде година на економијата, економскиот раст и подобар живот за граѓаните, еве се уверивме преку реализација на капиталните инвестиции. Реалноста и бројките велат: Економијата тоне, власта не реализира нови инфраструктурни проекти, нема изградба на нови болници, средни и основни училишта, градинки и спортски сали. Аболицираниот Заев ја собре изградбата на Клинички центар во Скопје, ни трага нема од 600 километри автопат – освен оној што сам се отвори, нема 550 километри магистрални или пак 1.000 километри локални патишта, истакна Стоилковски.

Стоилковски рече дека е доста со лаги од Октоподот предводен од Заев. Ова е трета година, трет буџет на СДСМ, трет економски колапс по ред, трето тонење на капиталните. Нема оправдувања, само голи факти! Нема економија без капитални инвестиции, нема економија без правда, нема економија со рекетиран бизнис, нема економија со аболицирани криминалци! Нема економија со Заев, со Анѓушев, со Рускоска – Кацарска, нема економија со рекети и платеници! На Македонија е и потребна коренита обнова за да може да исплива од канџите на сиромаштијата со СДСМ!

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.