​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Стоилковски:Димитров да одговори зошто вработените во МНР се оставени без здравствено осигурување

Изјави 5 јули 2019 14:22

Наместо одговори и одговорност МНР на Димитров Никола тоне и се заплеткува се подлабоко во секојдневни скандали. Наместо одговор за тоа како е можно да ја остави сета дипломатска служба и администрација без здравствено осигурување, од МНР го поставуваат истото прашање, како е можно да исплаќаат плата од државниот буџет, а вработените да немаат здравствено …

Наместо одговори и одговорност МНР на Димитров Никола тоне и се заплеткува се подлабоко во секојдневни скандали. Наместо одговор за тоа како е можно да ја остави сета дипломатска служба и администрација без здравствено осигурување, од МНР го поставуваат истото прашање, како е можно да исплаќаат плата од државниот буџет, а вработените да немаат здравствено осигурување?  Одговорот од соопштението на МНР дека редовно исплаќале плата е заобиколување на вистината.

Е па почитувани, МНР треба да запре со, што би рекол господинот Зоран Заев, да кружи како „Киша око Крагујевца“ и да одговори Зошто дипломатската мрежа и администрацијата во МНР со месеци немаат беа здравствено осигурани?

Срамно е дипломати, амбасадори, службеници во администрацијата на македонската дипломатија при посета на лекар да се соочуваат со тоа дека немаат здравствено осигурување. Но, тоа е СДСМ, тоа е заобиколување на законите, тоа е односот кон македонската дипломатија.

Ајде да одиме со факти! Ако се било редовно, зошто тогаш сандачето за електронска пошта во МНР повеќе месеци е преполно со прашања и поплаки од вработени за немање здравствено осигурување? Ова се дел од фотографиите на документи од здравствени установи каде јасно се гледа дека вработени во МНР од 30.04.2019 и таа состојба трае се до вчера.

Еве што пишуваат во меиловите: Денеска при преглед на Клиника утврдено е дека мојата работна организација нема платено здравствено осигурување заклучно 30.04.2019 Ве замолувам да проверите што се случува со моето осигурување, па доставуваат документи каде што се гледа дека нема осигурување а тоа е веќе од крајот на мај оваа година.

Потоа друго писмо: Најитно молам да се провери зошто моето здравствено осигурување е заклучно 30.04 оваа година. А, Системот не дава, зашто наводно не се платени придонесите. Молам да се провери и реши, за да не се случат поголеми проблеми во иднина.

Ако било се во ред со здравственото осигурување онака како што велат од МНР, од каде овие писма? Ако се било во ред зошто одговорните за организациони работи, за човечки ресурси, поединечно и групно одговара и се извинува на поставените прашања дека сепак велат, проблем постои со здравственото осигурување на вработените и на дипломатите, и пишува за проблем?

МНР е редно да одговори, дали имало проблем со кој што од 30 април до вчера, вработените беа  оставени без здравствено осигурување, а македонските дипломати при посета на лекар морале да црвенеат бидејќи не им било соопштено дека не им било платено здравственот осигурување?

И тука повторно се поставува главното прашање каде е и што прави Синдикатот на МНР? Вработените немаат здравствено повеќе од два месеци, а Синдикатот не стори „преседан, како велеше самиот, и повторно не  организираа Протест, но овој пат за вистинско синдикално прашање, за состојба во која повеќе месеци се доведени македонските дипломати без осигурување? Синдикот го нема ниту за овој ниту за друг скандал кој што го тресе МНР и која што ја погазува македонската дипломатија. Дипломатија под Димитров Никола.

Почитувани,

Македонската дипломатија тоне, Никола Димитров го претвори МНР во приватно партиско гранапче. Оној кој знаеше „среде ноќ“ да среди комисија за неговата ќерка да добие стипендија, ги остави вработените со месеци без здравствено  осигурување. Ова е срамно, жално и ништо помалку од намерно девастирање на оваа репрезентативна институцијата.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.