​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Стаменковска-Стојкоски: Со невнесувањето на податоци во системот Заев и Манчевски ја кријат вистинската бројка на вработените во јавниот сектор

Изјави, Македонија 8 октомври 2019 13:55

СДСМ, Зоран Заев и Дамјан Манчевски се на прав пат да ја опустошат Македонија и да ги разораат институциите. Гарант за тоа е нивната неспособност, корумпираност и неработење. Според извештајот на Државната ревизија, Министерството за информатичко општество и администрација троши милиони евра за софтвер кој воопшто не го користи. МИОА воопшто не го користи софтверот …

СДСМ, Зоран Заев и Дамјан Манчевски се на прав пат да ја опустошат Македонија и да ги разораат институциите. Гарант за тоа е нивната неспособност, корумпираност и неработење.

Според извештајот на Државната ревизија, Министерството за информатичко општество и администрација троши милиони евра за софтвер кој воопшто не го користи.

МИОА воопшто не го користи софтверот за управување со човечки ресурси, набавен уште во 2014 година, во кој треба да се внесат сите вработени во јавниот сектор во Република Македонија.

Иако лани за него се потрошени 343 илјади евра, а годинава се планира да се потрошат уште 813 илјади евра, Заев и Манчевски одлучуваат дека не им треба и воопшто не го користат.

Во предизборието во 2016 година ветија дека ќе даваат месечни извештаи за бројот на  вработени административци, но последната официјална информација којашто е објавена на страната на МИОА е од декември 2017 година.

Поради неажурноста и неработата на власта во системот лани се преброени само 78.320 административци, а според информациите на МИОА во јавниот сектор лани склучиле работен однос дури 132.068 лица.

Како по правило, на Заев и на неговите послушници секогаш некој друг им е виновен. Овој пат сакаат да ги наместат обичните административци. Во ревизорскиот извештај стои дека  причината за невнесувањето на податоците е поради неажурноста од страна на вработените во институциите.

Затоа јавно го прашуваме министерот Манчевски дали невнесувањето на податоци во системот е со цел да  се сокрие вистинската бројка на административци која во изминатиов период значително се зголеми!?

Дали СДСМ ги крие партиските вработувања, кои пред избори засилено се спроведуваат и со кои се полни јавната администрација со партиски војници!?

Дали за овој пропуст и неажурност од страна на институциите со кои раководат кадрите на СДСМ, Манчевски ќе понесе одговорност?

Повеќе од јасно е дека владата на  СДСМ и Манчевски се неспособни да управуваат еден софтвер, а не пак министерство или држава.

Република Македонија со  СДСМ, Заев и Манчевски е на погрешен пат и затоа e време  да си заминат. Доаѓа време на работа и грижа како за граѓаните, така и за институциите и  државата.Доаѓа обнова на Македонија.

 

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Стаменковска Стојковски: Ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување

04.01.2020

Арсовски: Заев и Рашковски имаат за цел да изберат 60 судии и јавни обвинители, кои претходно ги одбрале

13.09.2019

Јанушев: Зоран Заев сака амнестија на криминалот, а не одговорност и санкции

13.09.2019

Како работи Шазам – апликацијата за препознавање на музика

24.07.2019

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.