ССМ дополнително ќе помогне со финансиски средства за поплавените

Сојузот на синдикати на Македонија денеска најави дека дополнително ќе помогне со финансиски средства за поплавените семејства од невремето во скопскиот регион.
Претседателот на ССМ Живко Митревски денеска информираше дека донеле одлука да ја продолжат хуманитарната акција за помош на поплавените и ги повика членките на синдикатот да се вклучат во акцијата.
Заклучно со вчерашниот ден на сметката на Црвениот крст се собрани над 740 илјади евра, а поради големиот интерес за донирање на парични средства и реализација на веќе најавени донации од правни субјекти, хуманитарната акција е продолжена до 29 август.
Саити упати апел до сите хумани луѓе и компании да донираат во Црвениот крст до крајот на акцијата.