Претстојните парламентарни избори и надминувањето на политичката криза, биле тема на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со Торстен Фрај, пратеник во германскиот Бундестаг од редовите на ЦДУ и член на Комисијата за надворешни работи на германскиот Парламент.Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакнал дека се исполнети сите услови за одржување на изборите и оти тие се излезот во насока на надминување на кризата. Граѓаните, навел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе имаат можност да одлучат за иднината на државата и да се определат меѓу концептот на градење и проекти, и концептот на создавање кризи и деструкција застапуван од опозицијата.На средбата станало збор и за македонско – германските односи, особено за зголемениот број германски инвестиции и нови фабики во Македонија, вклучително и евроатлантските интеграции, кои, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, претставуваат заедничка стратешка цел.