

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на избори, Емил Димитриев, утринава во Рига оствари средба со својот бугарски колега Бојко Борисов. Средбата со бугарскиот премиер, според кабинетот на премиерот Димитриев е оценета како конструктивна. Двете страни се обврзале да придонесат со заедничка заложба за унапредување на економската соработка, трговската размена и реализација на …
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на избори, Емил Димитриев, утринава во Рига оствари средба со својот бугарски колега Бојко Борисов. Средбата со бугарскиот премиер, според кабинетот на премиерот Димитриев е оценета како конструктивна. Двете страни се обврзале да придонесат со заедничка заложба за унапредување на економската соработка, трговската размена и реализација на инфраструктурни проекти што се од значење за двете држави, со акцент на изградба на железничката и патна инфраструктура на коридорот осум.Од двете страни била нагласена одлучноста за натамошно продлабочување на добрососедските односи. Премиерите се согласиле дека тежиштето мора да биде ставено на големиот потенцијал за размена во области што се од најголемо значење на граѓаните на двете земји, како економијата, туризмот и културата. Заедничка намера е добрите практики на соработка, преку академиите за науки да се пресликаат и во другите области на соработка.