Премиерот Никола Груевски, денеска во Будимпешта оствари средба со својот унгарски колега Виктор Орбан.На средбата беа поздравени одличните политички односи кои постојат помеѓу двете земји во сите сфери од взаемен интерес.Стана збор за поголем број на теми, како што се интеграциите на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, можностите за зголемување на билатералната економска соработка, можностите за превенција и минимизирање на заканите од глобалниот тероризам, и механизмите за справување со предизвиците и ефектите од мигрантската криза.Орбан на прес-конференцијата даде позитивна оценка за економските политики кои ги спроведува Република Македонија, истакнувајќи дека е потребно зголемување на економската соработка помеѓу двете земји.Двајцата премиери разговараа и за европската интеграција на Македонија, а премиерот Груевски истакна благодарност за поддршката која Унгарија ја овозможува за интеграција на нашата земја во Европската Унија и во НАТО.Тема на разговор беше и мигрантската криза и последиците од неа врз Македонија, Унгарија и останатите земји од регинот.Премиерот Орбан истакна дека Република Унгарија дава поддршка на Македонија за справување со овој предизвик.