Соговорниците разговараа за актуелните политички теми и случувања и предизвиците со кој се соочува земјата, како и за европските интеграции на државата и реформската агенда поврзана со нив. Груевски посочи дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ претставува нормализирање на политичката ситуација и внесување на сигурност кај граѓаните и на тој план исклучително важно е враќањето на патеките на напредокот и економскиот просперитет.
-ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува процесите кои значат унапредување на стандардите во секоја област и притоа секое решение важно за иднидната на државата треба да биде базирано на волјата на граѓаните, истакна Груевски. Во однос на изборите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека актуелната влада има легитимен мандат до 2018та година, но како партија ВМРО-ДПМНЕ е подготвена тие да се одржат и порано доколку опозицијата изрази спремност да излезе и се соочи со граѓаните.
