Спасов: 44 милиони денари за обука и субвенционирано вработување

Оваа година за владината мерката „Обука со субвенционирано вработување“ е предвиден буџет од 44 милиони денари со кој ќе се вработат 333 невработени лица. Огласот е во тек и сите заинтересирани компании и невработени лица веќе можат да аплицираат во центрите за вработување на АВРМ.
Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека оваа мерка се реализира од 2013 година и досега преку неа се вработени 660 лица.
Со оваа мерка околу 30 отсто е планирано да бидат опфатени млади невработени лица до 29 години, околу 100 вработувања за што се издвоени околу 13 милиони денари.