Спасов: Низа реализирани проекти за само две недели, ставен крај на деструкциите на СДСМ во МТСП

Долгогодишен период полн со проекти, мерки и реформи беше прекинат со доаѓањето на Фросина Ременски од СДСМ на местото технички министер за труд и социјална политика. Нејзиниот мандат ќе се запомни како празен од спроведени проекти, а полн со скандали. На функцијата прв човек во МТСП се врати Диме Спасов кој веднаш ги превзема работите во свои раце. Со него зборувавме за спроведените проекти во овој кус период, за враќањето на довербата кај граѓаните и за напорната работа да се исполнат ветувањата до категориите на граѓани зафатени од ова министерство. СДСМ водеше политичка битка и инает токму во министерството каде е потребна голема посветеност во работата за да им се помогне на децата, старите лица и социјално загрозените. По враќањето на Диме Спасов на функцијата министер, работите почнаа да се враќаат по стариот замислен тек. За само неколку дена се спроведоа огромен број на проекти. Додека Фросина Ременски од СДСМ беше на чело на МТСП, кај граѓаните постоеше доза на неизвесност следејќи ја нејзината незаинтересираност, самоволие и инает. Низата проекти реализирани изминативе денови ја вратија довербата на граѓаните во МТСП. Сега тие се спокојни, свесни дека нивните потреби ќе бидат исполнети, ветувањата ќе бидат реализирани, а проектите спроведени. Спасов уверува дека работата во интерес на граѓаните на Република Македонија продолжува, со силна посветеност како во минатите години и со големи заложби за иднина.