Околу 500 млади невработени лица ќе добијат можност да се стекнат со практични знаења преку владината мерка за практиканство. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски денес го најавија новиот повик за оваа мерка, која што се реализира со средства обезбедени од Европската Унија односно од ИПА Програмата.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски рече дека оваа мерка е можност за младите лица да постигнат некој успех во практичната работа, односно да создадат работно искуство кое што е многу важно за понатаму во нивната работна кариера.
Оваа година за мерката практиканство од буџетот се обезбедени 9 милиони и 450 илјади денари. Огласот е објавен денес, а ќе трае и во следните 20 дена. Доколку има потреба, истиот ќе биде продолжен.