​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Со проектот Мој ДДВ ниту ќе има 30.000 за семејствата, ниту е изводливо освен за семејствата на Заев и семејствата на неговиот клан

Изјави 22 јуни 2019 13:56

Мој ДДВ е уште едно фијаско во најава на оваа власт во заминување која што ја доведе Македонија до раб на егзистенција, задолжена, со 0 оценка за  економски капацитет, без европска иднина, без 500 евра плата, без 100.000 за докторите, со високи акцизи, а сега дополнително турка развој на сива економија. Со проектот Мој ДДВ …

Мој ДДВ е уште едно фијаско во најава на оваа власт во заминување која што ја доведе Македонија до раб на егзистенција, задолжена, со 0 оценка за  економски капацитет, без европска иднина, без 500 евра плата, без 100.000 за докторите, со високи акцизи, а сега дополнително турка развој на сива економија.

Со проектот Мој ДДВ ниту ќе има 30.000 за семејствата, ниту е изводливо освен за семејствата на Заев и семејствата на неговиот клан. Вака изгледа проектот Мој ДДВ согласно потрошувачката кошничка:

На едно четиричлено семејство му се потребни 33.000 денари за да го мине месецот, согласно онаа минимална потрошувачка синдикална кошничка. Минималната плата во Македонија изнесува 12,500 денари, а просечната малку над 24.000 денари. Значи за минимално да се мине месецот потребни се една просечна и една минимална плата за четиричлено семејство!

Од тие пари, дури 42% одат за прехрана и пијалоци! Односно, ако ги земеме предвид овие 33.000 денари,  околу 14.000 денари се трошат за јадење. Храната во Република Македонија е оданочена со 5% ДДВ. Значи, од нив неполни 700 денари се пари за ДДВ. 15% од нив се неполни 104 денари за поврат! Значи, сте потрошиле речиси половина плата од 33.000 денари или две плати во тој износ, за храна, за леб, за млеко, за да зготвите ручек, сте дале речиси половина и повратот изнесува 104 денари месечно!

Според истата кошничката, над 31% од парите одат за домување! Тоа се комуналните трошоци, струја, вода, чинат над 10.000 денари, кои што според власта НЕМА поврат на ДДВ за тие пари! Значи стапката каде после храната одат најмногу пари од семејниот буџет – власта нема да враќа пари! Така доаѓаме до 73% потрошени пари од платата од потребните минимални 33.000 денари, со месечен поврат од 104 денари!

Во услови кога народот не зема 33.000 плата, туку толкави се примањата во едно четири семејство отприлика, тоа не значи дека троши помалку, напротив за жал, толкави се основните трошоци за храна и за сметки!

Одиме понатаму, хигиена, трошоци за хигиена! Според кошничката за хигиена се трошат над 7% од платата, односно потребни се најмалку над 2.300 денари за хигиена. За најголемиот број од нив, даночната стапка повторно е 5%! Значи за ДДВ одат 115 денари, со можност за поврат од 17 денари!

Потрошувачката кошничка, онаа што се мери не предвидува автомобили, туку јавен превоз и за тоа се двојат 7% од парите што стигаат во семејствата, а ДДВ за тоа, за јавниот превоз е 5%, значи за поврат повторно имаме 17 денари!

За облека и за обувки, просечно четиричлено семејство месечно троши 6,5% од парите кои што стигнуваат дома, а ДДВ е 6%, значи ако потрошите за облека и обувки 2.160 денари колку што пресметале за оваа кошничка, УЈП може ви врати, 15% или 8 денари!

За култура 3,2% од семејниот буџет, од платата односно 1.000 денари, со даночната стапка од 3%, за што повратот изнесува 4,5 денари.

Синдикалната кошничка предвидува за одржување на здравје и за нив да потрошите 2% од платата, околу 700 денари за лекови, кои што повеќето се со 5% ДДВ, за што има 5 денари поврат на ДДВ.

Всушност со ваква плата колку што е пресметана потрошувачката кошничка од 33.000 денари, вам УЈП месечно би ви вратила околу 156 денари, или вкупно 1872 денари годишно за поврат на ДДВ од власта. Односно 30 евра за цела година собирање фискални!

И тоа, ако секогаш купувате онаму каде има фискални, не на пазар, или каде трговците ви нудат поголем попуст од повратот. Во случај и да можете да потрошите повеќе, Тевдовски се сетил и на тоа па ги ограничи парите на 1800 денари поврат за три месеци за едно лице.

Овој однапред пропаднат проект ваш ДДВ, Мој ДДВ, е само мачкање на очи, и е во полза на побогатите. Наместо него, власта треба да ги намали акцизите, да го врати рамниот данок и да се сврти кон реализација на вистинските капитални проекти. Вакви „модерни“ проекти за мобилни апликации се само дополни трошоци врз грбот на се посиромашните граѓани.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.