Со програма за зголемување на пазарната работливост ќе се креираат 2000 работни места

Креирање на над 2.000 нови работни места и зголемување на приходот за 1,5 милиони евра на повеќе од 1.000 мали и средни претпријатија се очекува во наредните 4 години со имплементација на програма за зголемување на пазарната вработливост, на Швајцарската агенција за развој и соработка. За примена на програмата денеска беше потпишан меморандум за разбирање за заемна соработка меѓу Швајцарија и Македонија. Програмата за зголемување на пазарната вработливост се однесува на 5 потсектори во економијата : туризам, ИТ сектор, дизајн на производи, органско земјоделство и енергетски ефикасно градежништво. Штокер посочи дека Швајцарија има и други проекти од економскиот сектор, вкупно се 16 на број и тие поддржуваат зголемување на приходи, креирање на работни места и поддршка на пазарот.