Со европски пари се унапредуваат вештините на учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“

Со користење на средствата од европските фондови, преку Националната агенција за мобилност, училиштето „Партенија Зографски“ од Скопје ги унапредува вештините на своите ученици. Проектите што ги има искористено ова училиште преку европските фондови се во вредност над 60 илјади евра.Покрај посетите во Словенија, особено е важно Словенците ќе ја возвратат посетата, ќе видат како се работи тука и ќе преземат искуства.Во училиштето во моментов настава следат 40-тина ученици со оштетен слух и говор од цела Македонија. За учениците од внатрешноста на земјата, во рамки на центарот има ученички дом, а Министерството за образование, минатата година реновираше еден блок, во вредност од 4,5 милиони денари.