Со воведување на електронските картички цените на билетите во ЈСП ќе се намалат

Со планираното воведување на електронските картички, цените на билетите за јавниот превоз во Скопје ќе се намали. Намалувањето на цените се случува во речиси сите видови на возења, а покачување на цената нема во ниту еден од случаите на плаќање.Со новиот систем на плаќање, граѓаните ќе можат со една картичка да се возат во двата автобуси. Со тоа се врши дупло намалување за плаќање на картата доколку патникот се префрли од еден во друг автобус. А доколку се префрли во уште еден автобус, цената се намалува за три пати. Откако ќе се имплементира овој систем картите веќе нема да ги има во хартиена форма. Единствено нешто кое што ќе може да се користи во градскиот превоз се неперсонализирана и персонализирана картичка.