Состојбата со аерозагадувањето е алармантна, еден од загадувачите е самото население

Веќе 10 дена состојбата на штетните ПМ честички во воздухот се над дозволеното. Според 17 мерни места низ Македонија каде што се врши мерењето, состојбата со аерозагадувањето е алармантна. Болниците се преполни, 30 до 40% се зголемуваат заболувањата кај луѓето благодарение на нечистиот воздух. Еден од најголемите виновници кој што допринесува за зголемување на аерозагадувањето е самото население. Според него населението не е само она кое што трпи од аерозагадувањето туку тоа и самото допринесува за аерозагадувањето. Како мерки при аерозагадување се препорачуваат на отворен простор што помалку да се престојува, да се прекине физичка рекреативна активност, а во услови кога подолго се изложуваат на загаден воздух, посебно градежните работници се препорачува носење на специјални маски кои нема да ги пропуштаат штетните честички. Според Ѓорѓиев мерките против загадувањето треба да бидат насочени кон вистинскиот причинител на загадување, а аерозагадувањето на кратки стази не може да се намали.