Локалниот Совет за превенција на Општината Ѓорче Петров денес ја одржа својата втора седница за тековната година.Свеста за безбедноста мора да се подигне и да се зборува за недостатоците смета градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митревски.Покрај членовите на Локалниот совет за превенција, учество имаа и експерти од засегнатите области.Проф. Др. Трпе Стојановски кој говореше за бегалската и емигрантска криза со која се соочува Македонија и за можните негативни импликации кои би ја засегале безбедноста на државата.Градоначалникот Митревски во таа насока подвлече дека соработката помеѓу локалните власти, МВР и АРМ треба да биде секогаш на високо ниво со што полесно би се справиле со кризата во која е инволвирана нашата земја.