

Локалната власт има должност да се грижи за потребите на граѓаните од различни категории. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба како свој приоритет ги има интересите на социјално ранливите категории како и лицата кои имаат значаен придонес за заедницата во која живееме. Оттука, би сакале да ги информираме граѓаните од Општина Гази Баба …
Локалната власт има должност да се грижи за потребите на граѓаните од различни категории. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба како свој приоритет ги има интересите на социјално ранливите категории како и лицата кои имаат значаен придонес за заедницата во која живееме.
Оттука, би сакале да ги информираме граѓаните од Општина Гази Баба дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предложи и донесе одлука за овозможување на посебни права или олеснувања за припадниците на безбедносните сили на Република Македонија како и членовите на нивните семејства кои живеат во Гази Баба. Нашата иницијатива и донесената одлука подразбира конкретни мерки наменети за луѓето кои учествуваа во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет во воениот конфликт од 2001 година и тоа ослободување од:
– Трошоци за комуналии за градба;
– Надоместок за градинка;
– Надоместок за ужинка во основните училишта;
– Надоместок за училишни екскурзии;
– Надоместок за услугите кои ги врши ЈКП „Гази Баба – 2007“ – Скопје во руралниот дел.
Со овие поволности веруваме дека приближно ќе им се надомести за сето она што го направија за нашата држава. Партијата ВМРО-ДПМНЕ и советничката група во Општина Гази Баба ќе продолжат и во нареден период да предлагаат низа предлози и иницијативи за подобрување на животот на сите граѓани.