„Случајот Хармс“ премиерно во Театар Комедија

За својот четврти роденден Театар Комедија внедела премиерно ќе ја изведе „Случајот Хармс“ – претстава за Даниил Хармс, еден од најконтроверзните, но и највлијателните руски автори од 20 век.Режисерот Мустафиќ кој работи во многу театри низ светот и кој во Македонија има поставено неколку претстави, за оваа постановка рече дека е неконвенционална и атипична во однос на она што е најчеста драматургија на нашите сцени.Авторката на драматизацијата Удовиќиќ-Плештина рече дека Хармс не е лесна забава, како што хуморот, апсурдот и пародијата по својата природа никогаш не се лесна забава.Во улогата на Хармс ќе биде Илија Илиоски, а покрај него во актерската екипа се и: Жаклина Петровска, Мирјана Ристов, Ева Скендеровска, Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Жарко Димоски и Столе Мицов. Сценографијата е на Крсте Џидров, костимограф е Благој Мицевски, кореограф е Саша Евтимова, а музиката е на Оливер Јосифовски.