​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Славески: Ќе испорачаме заздравување на економијата уште во првиот квартал наредната година, зголемување на плати за 25 проценти за 4 години

Изјави 23 јуни 2020 15:48

Професорот Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на промоцијата на програмата на ВМРО-ДПМНЕ насловена како Проект Обнова – се обврзуваме, што се одржа на плоштадот „Магнолија“ во Битола рече дека Програмата за изборите на 15 јули е плод на тригодишна работа и додаде дека за истата придонес дадоа централните и локалните комисии, експерти, како …

Професорот Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на промоцијата на програмата на ВМРО-ДПМНЕ насловена како Проект Обнова – се обврзуваме, што се одржа на плоштадот „Магнолија“ во Битола рече дека Програмата за изборите на 15 јули е плод на тригодишна работа и додаде дека за истата придонес дадоа централните и локалните комисии, експерти, како и граѓаните.

„Тимот кој работеше на програмата работеше континуирано бидејќи и околностите се менуваа. Програмата е оригинална и почива на четири столба, првиот, ефикасна држава и силни институции, вториот, конкурентен приватен сектор, третиот, интегрирана стабилна и безбедна земја  и четвртиот столб, подобри услови за живот“, рече професорот Славески.

Славески се осврна и на сите столбови и појасни дека ефикасна држава и силни институции значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стави акцент на јавните финансии, поволните услови за бизнис, професионализација на јавна администрација, обнова на уставно-правниот систем, борба со корупција.

Вториот столб, рече Славески, е конкурентен приватен сектор и е важен затоа што  ние сме пазарна економија, а таа почива на приватен сектор во кој  над 80 – 90 проценти од граѓаните својата живаечка ја заработуваат токму тука.

Третиот столб е интегрирана стабилна и безбедна земја. Тука, кажа Славески, ќе зборуваме за безбедноста одбраната на Република Македонија, како и за надворешната политика.

Четвртиот последен, но многу важен, рече Славески, бидејќи се однесува на подобрите услови за живот, модерно и квалитетно здравство, заштита на социјалните категории, млади, тука е граѓанскиот сектор и слично.

„Имаме и неколку цели, а тие се раст на БДП од 4 до 5 проценти годишно, очекуваме заздравување на економијата уште во првиот квартал наредната година, намалување на стапка на невработеност под 10 проценти, зголемување на плати за 25 проценти за 4 години, домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра за 4 години, зголемување на извозна конкурентност“, рече Славески.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека партијата подготви и една сеопфатна преодна стратегија за справување со здравствено економската криза предизвикана од корона вирусот.

„Она што е многу важно во јавните финансии, ние не отстапуваме од политиката на ниски едноставни, рамни даноци“, рече Славески.

Во контекст на борбата против корупцијата Славески се осврна на фактот што Република Македонија по индексот за перцепција на корупцијата, што го подготвува меѓународната Транспарентност, е на  срамното 106 место од 180 земји.

„Тоа значи дека се наоѓа во втората половина на земји. Ова мора да се промени, да  ја поместиме Македонија во првата половина, а на крај на мандатот да ја приближиме до првата третина најмалку корумпирани држави. Ова ќе го направиме преку транспарентност и нулта толеранција за корупцијата, се обврзуваме на тоа“, рече Славески.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.