Владејачката десноцентристичка коалиција на Исланд одлучи да го номинира министерот за риболов и земјоделство Сигурдур Инги Јохансон за нов премиер. Поранешниот премиер Сигмундур Давид Гунлаугсон поднесе оставка, откако аферата „Панамски документи“ покажаа дека вложувал средства во офшор компании, по што илјадници гневни негови сограѓани излегоа на протести на улиците. Во исто време, претседателката на Пиратската партија соопшти дека опозицијата постигнала договор со владејачката коалиција да се одржат предвремени избори на есен.