Се решава станбеното прашање на припадници на АРМ- поставен камен темелникот на првата, ќе се градат и други згради

Почна израдбата на првата зграда која ќе го реши станбеното прашање на 32-ца припадници на Армијата на Република Македонија. Оваа зграда е во рамки на проектот „АРМ – мој вистински дом“, преку кој припадниците на Армијата под поволни услови ќе дојдат до сопствено живеалиште. На денешното поставување на камен темелник, на локација зад касарната „Илинден“ во Скопје, покрај министерот за одбрана Зоран Јолевски и припадниците на АРМ, присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Освен изградбата на станови во Скопје, предвидено е станови да се градат во Велес, Прилеп, Штип и Куманово. Проектот ќе се реализира се додека има интерес од страна на вработените во АРМ. Во овој момент, се пријавени 250 припадници на АРМ кои сакаат на овој начин да го решат своето станбено прашање. Но, доколкуи има и поголем интерес ќе се продолжи со градба на вакви станови. Цената на еднособниот стан ќе биде околу 19 илјади евра, а вработените на АРМ ќе ги купуваат на 240 месечни рати во висина од околу 70 евра во денарска противвредност. За најголемите станови вработените во АРМ ќе треба да издвојат околу 45 илјади евра, кои ќе ги плаќаат исто така на 240 рати, но во висина од околу 170 евра во денарска противвредност. За да можат да го купат станот припадниците на АРМ треба да дадат 20 отсто учество од висината на вредноста на станот.