Се реконструира основното училиште во Стајковци

Основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стајковци се реконструира со средства кои ги обезбедени Министерството за образование и наука. Во училиштето комплетно е сменета кровната реконтрукција, како и подот. Паралелно во соработка со општината се спроведуваат и други градежни активности коишто во насока на подобри услови за учениците.Веќе е определена компанија да изработи проект за ОУ „Крсте Петков Мисирков“, а и паралелно се продолжени активностите за соработка со кинеската Влада за новото училиште „Вера Јоциќ“.Во завршна фаза е и комплетното опремување на новото Основно училиште во населбата Железара. Училиштето ќе има комплетно нова опрема, нов инвентар, надгледни средства, нови лаборатории. А за таа цел ќе бидат потрошени околу 4,5 милиони денари, обезбедени од кредитот од Светската банка.