СЕ РЕАЛИЗИРА УШТЕ ЕДНА МЕРКА ЗА МЛАДИ: Од денеска бесплатно со воз секој прв и трет викенд

Од денеска младите до 27 години секој прв и трет викенд во месецот ќе имаат бесплатен превоз во железничкиот собраќај. Ова е една од пакетот мерки за млади кои пред извесен период ги најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а веќе почнува да се реализира. Преку овој проект ќе им се овозможи на младите поголема мобилност и можност да посетат многу места во земјава, но претставува и значителна финансиска поддршка и заштита на стандардот на младите. Ресорниот министер најави дека уште два од новите возови наскоро ќе почнат да сообраќаат. Младите се задоволни од оваа мерка. Велат дека со старите возови се возеле често, но сега со новите возови и бесплатниот превоз уште почесто ќе го користат железничкиот сообраќај. Првата група млади до 27 години денеска замина за Велес со воз од железничката станица во Скопје искористувајќи ја новата владина мерка за бесплатен викенд. Заедно со нив се упати и министерот Мисајловски.