Механизацијата на патниот правец Росоман Градско е на терен и активно се работи на патот во должина од 12 километри, за што се вложуваат повеќе од 70 милиони денари. Очекувањата се дека истиот треба да биде завршен до крајот на годинава. Изградбата на овој патен правец беше најавена при посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Мисајловски.Граѓаните, а пред се жителите на околните населени места задоволни од проширувањето и санацијата на патниот правец. Во меѓувреме се работи и на новиот експресен пат Градско Прилеп кој е во должина од 33,5 километри со проценета вредност од 70 милиони евра. Овој патен правец ќе биде значАјна линија на поврзување на градовите Прилеп и Битола. При минатомесечната посета на активностите за изградба на овој патен правец од страна на Груевски и Мисајловски беше заклучено дека активностите се одвиваат со засилено темпо и дека во периодот што следи тие дополнително ќе се интензивираат со цел да се искористи периодот на градежната сезона. Веќе се реализира првата фаза во должина од 10 километри од Фаришката до Дреновската клисура, која се гради на речиси комплетно нова траса на постојниот пат, 95 проценти се нова траса, а пет проценти ќе се спојува со стариот пат во клисурите каде ќе има проширување.