“Се зголемува интересот за отворање приватни старски домови: Отворен нов дом во Кисела Вода”

Се поголем е интересот за отворање приватни старски домови. Новиот дом за стари лица „Сонце“што денес беше отворен во општина Кисела Вода е 20-ти по ред што се отвора и втор за овој месец. Истиот обезбедува згрижување на околу 40 лица и отворање на 10 до 15 нови работни места.Според министерот за труд и социјална политика интересот за отворање на приватни домови за стари лица се повеќе се интензивира.Сопственикот на новиот дом за стари лица „Сонце“,потенцира дека благодарение на Владата и огромната поддршка од Министерството успеале многу побрзо и поквалитетно да го завршат домот.На отворањето на новиот приватен дом за стари лица присуствуваше и Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.Инаку објектот што е сместен на падините на Водно располага со над 20 апартмани и истиот се простира на околу 2.000 метри квадратни простор.