

Благодарение на системот „Мој термин“ се полесно е да се увиде што е потребно во здравствениот систем во Македонија. Анализите покажале недостаток на специјалисти во одредени области. За таа цел Министерството за здравство објави оглас за запишување на кофинансирана специјализација.На огласот, како што појасни министерот Тодоров, се пријавиле 158 кандидати, а по селекцијата биле избрани …
Благодарение на системот „Мој термин“ се полесно е да се увиде што е потребно во здравствениот систем во Македонија. Анализите покажале недостаток на специјалисти во одредени области. За таа цел Министерството за здравство објави оглас за запишување на кофинансирана специјализација.На огласот, како што појасни министерот Тодоров, се пријавиле 158 кандидати, а по селекцијата биле избрани 90.Од 90-те кандидати, 83 се пријавени за јавни здравствени установи додека останатите седум кандидати се пријавени за гинеколози и педијатри на примарно ниво).Пријавените кандидати биле тестирани со стручен тест и тест за познавање англиски јазик, а при селекцијата особено внимание се посветило и на просечниот успех на кандидатот, рангот на високообразовната установа на која кандидатот ги завршил студиите, како и должината на специјализантскиот стаж. Во однос на кандидатите кои не се избрани, додаде дека тие не исполниле еден или повеќе услови од законски предвидените.