Северна Кореја се закани со „превентивен нуклеарен удар на правдата“ против Јужна Кореја и САД доколку тие две држави спроведат денеска планирани заеднички воени вежби, соопшти Врховната команда на Народната армија на Кореја. Пред неколку дена Пјонгјанг отфрли санкции на Советот на безбедност на ОН како „неправедни, незаконски и неморални“ и упати закани дека и понатаму ќе го јакне својот нуклеарен арсенал. Лидерот Ким Џонг-Ун нареди нуклеарниот арсенал во државата да биде во приправност за да може да се употреби во кој било момент.