​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

СДСМ ја избриша Република Македонија од училишните згради пред очите на децата, пред очите на учениците

Изјави 8 февруари 2019 14:21

СДСМ ја избриша Република Македонија пред очите на децата, пред очите на учениците! Без трошка чувство за државност, на 31 јануари општините во Република Македонија добиле насоки од владата, по што следела наредба до училиштата да биде избришано името Република Македонија од училишните згради! И повторно во јавноста лажат, велат ќе почекале, со некаков план …

СДСМ ја избриша Република Македонија пред очите на децата, пред очите на учениците! Без трошка чувство за државност, на 31 јануари општините во Република Македонија добиле насоки од владата, по што следела наредба до училиштата да биде избришано името Република Македонија од училишните згради! И повторно во јавноста лажат, велат ќе почекале, со некаков план како ќе се одвивало менувањето на таблите. А всушност, одамна е почнато тајно корнење името на Република Македонија, започнато прво од училиштата.

Ова зад мене се неколку фотографии од уништени табли во Кисела Вода и Драчево во Скопје каде е изгребано, префарбано, тргнато името Република Македонија!

На оваа „црна акција“ според нашите извори, следела реакција на дел од учителите секако на дел од родителите. Наредба да се брише, прешкртува, гребе името на државата, да се откорне Република Македонија, а местото да остане празно со видлилви траги на насилство и насилното бришење, прекривање на буквите. Како да се работи за срамна, недолична порака на училишен ѕид!

Оваа црна акција на бришење на Република Македонија од институциите, од училиштата е спротивно дури и на капитулацијата, каде стои дека промената ќе е активна по потпишувањето на протоколот за членство во НАТО од Грција, за потоа да има уште неколку договорени процеси, нота од и до Грција, известување до ОН. Тоа го знаат, но СДСМ побрза да ја избрише Република Македонија уште на 29 јануари!

Ова е наредбата од владината седница на 29 јануари пратена до општините на 31 јануари, по што е постапено веднаш!

Тоа е заштитениот идентитет, тоа потврдата која што Зоран Заев и картелот и ја донесоа на Република Македонија! Пред неколку дена од тука презентиравме документ дека Заев и картелот договарале со Косово меѓудржавен документ со Северна пред референдумот во септември, воопшто и да се одржи, сега го бришат името од училишните згради пред определниот рок зададен од самите нив, договорено од самите нив! Тоа ќе остане запаметено, во меморијата на децата, во меморијата на нивните родители и блиски, моментите кога одејќи кон училиштето ги гледаат празните, избелени места каде некогаш гордо стоеше името Република Македонија!

За жал ова е само дел од долгосежните последици од прифатените условувања со капитулацијата прифатена од Заев. Со оваа власт, постои веројатност при спроведувањето на членовите од капитулацијата од Нивици да следува и многу повеќе од бришења на името, корнења на светите букви, кинења на страници од учебниците.

За ВМРО-ДПМНЕ, Нивици и спроведувањето, сето ова однесување е историска грешка на Заев заради негови лични кариеристички цели!

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе стори сè што е во нејзина моќ за во иднина да ги измени процесите кои произлегуваат од капитулацијата од Нивици.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.